Од денеска полициски час од 23 до 5 часот

По препорака на Комисијата за заразни болести, поради стивнувањето на епидемијата во земјава, Владата донесе одлука наместо од 21 часот, полицискиот час од денеска да започнува од 23, а ќе трае до 5 часот.

На вчерашната седница Владата донесе одлука и за измена на работно време на угостителските објекти, односно од денеска тие ќе бидат отворени до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.

Се уште остануваат во сила сите останати рестрикции со цел заштита на граѓаните од пандемијата од COVID-19.

Од ЈСП соопштија дека од денеска јавниот превоз ќе сообраќа до 23:00 часот.

Ублажувањето на рестрикциите следува по неколкудневното стивнување на епидемијата. Намален е бројот на навозаболени, хоспитализирани и починати.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 26 април до 2 мај тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=857; 41,5 отсто), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 9,6 отсто до 17,7 отсто, просечно 13,1 отсто со намалување за 4,9 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=781, 37,6 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 години (n=349; 16,8 отсто), од 40 до 49 години (n=333; 16 отсто), од 30 до 39 години (n=323; 15,6 отсто) и од 20 до 29 години (n=172; 8,3 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=33; 1,6 отсто) и од 10 до 19 години (n=85; 4,1 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5 отсто споредено со минатата недела.

Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, што е за 20,9 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50 до 59 години и по едно лице од возрасните групи од 30 до 39 години и од 40 до 49 години.

Според последните податоци, во земјава се активни 13.169 случаи на заболени од COVID-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 152.814 заразени со COVID-19, оздравеа 134.653, а починаа 4.992 лица. 

реклама

Македонија

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more

Во мај уште еден продолжен викенд

Read more

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Read more
 

Вести

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе