Од играчка-плачка: Стерлинг го фатил Гомез за врат, суспендиран е од репрезентација

Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг има лоша репутација на избувлив и не многу коректен играч. Ваквиот имиџ го потврди и на неодамнешното дерби меѓу неговиот Манчестер Сити и Ливерпул.

На големото дерби имаше неколку жестоки дуели, а еден од нив беше меѓу Стерлинг и неговиот колега од репрезентацијата на Англија Џо Гомез, од редовите на Ливерпул.

Двајцата се препираа на теренот, но нивните соиграчи и главниот судија ја смирија ситуацијата.

Но, приказната не заврши тука.

Стерлинг денеска призна дека „емоциите го надвладеале“ кога го фатил Гомез за врат во препирка што се случила во кантината на стадионот SGP на средба на репрезентацијата.

Стерлинг „агресивно реагирал на љубезното поздравување на Гомез“ кој му дошол одзади и се наведнал да му пушти рака. Напаѓачот на Сити го фатил за врат играчот на Ливерпул, а откако колегите сфатиле дека „Стерлинг изгубил контрола“ и дека „не станува збор за пријателски поздрав“, ги разделиле, објави The Daily Mail.

Поради овој инцидент, Стерлинг е суспендиран и нема да игра на мечот против Црна Гора во четврток, за квалификациите за Еуро 2020.

Стерлинг, кој порано играше за Ливерпул, се огласи на социјалните мрежи за инцидентот.

„Играме во спорт каде емоциите се на високо ниво и машки ќе признаам дека емоциите ме надвладеаја“, напиша тој на Instagram.

Фудбалската асоцијација на Англија вчеравечер излезе со соопштение во кое потврдува дека Стерлинг „нема да биде повикан за натпреварот во четврток за квалификациите за Еуро 2020 против Црна Гора, како резултат на недолично однесување во простории на стадионот. Стерлинг останува дел од репрезентацијата.“

Англискиот селектор Герет Саутгејт наводно разговарал со двајцата фудбалери посебно и побарал единство во националниот тим и тргање на клупските емоции на страна.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе