Од јули поевтин роаминг во регионот, од 2021 се укинува

Скопје, 6 април 2019 (МИА) – Цените на услугите во роаминг  помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ од јули годинава ќе се намалат за 27 отсто, а од јули 2021 година ќе бидат целосно укинати.

Договорот што ресорните министри го потпишаа на Вториот дигитален самит за Западен Балкан е предуслов за почнување на постапката за укинување на роамингот кон Европската унија.

Идната недела посебно регулаторно тело треба да одржи состанок за да ги утврди намалените цени од јули годинава, прво на интернетот, а потоа на разговорите и постепено да ги намалува цените се до потполното укинување во 2021 година. Регулаторите и  телекомуникациските оператори до 1 јули треба да подготват акциски план и мапа за претстојните активности со прецизирање кој ден што ќе стартува.

– Откако целосно ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, тоа ќе се случи и со земјите од ЕУ, што значи дека регионот дигитално ќе се интегрира во Европа многу побргу отколку политички, изјави по потпишувањето на договорот министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски.

Според еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, потпишувањето на договорот за бесплатен роаминг во Западен Балкан е значаeн поттик за регионалната соработка.

– Цените на роамингот постепено ќе се намалуваат и од 2021 година ќе станат како домашните. Потпишувањето на Договпрот ја покажува силната политичка волја во насока на  регионалната дигитализација, рече Габриел.

За Мајлинда Брегу, генерален секретар на Советот за регионална соработка (СРС), зад договорт стојат подготвеност и  лидерство на политичарите од регионот со поддршка на ЕУ.

– Договорот е цел кон којашто сме насочени сите, а тоа е европската перспектива, рече Брегу.

Со потпишување на регионалниот договор за роамингот,  владите во регионот испратија јасна порака на посветеност на европските вредности и подготвеност да ги воведат на патот на интеграција во Европската Унија.

СРС, оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, го олеснуваше целиот тригодишен процес на преговорите меѓу земјите од Балканот меѓу кои и Северна Македонија, со цел да се дојде до крајниот резултат, постепено целосно укинување на тарифите за мобилна комуникација.

Податоците на СРС покажуваат дека повеќе од 76 проценти од граѓаните на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се корисници на интернет, додека 40 проценти од нив ги користат сите апликации на социјалните мрежи на мобилните телефони, а повеќето се млади луѓе.

Седумдесет отсто од стопанствениците од Југоисточна Европа сметаат дека укинувањето на цените на роамингот ќе им помогне во поттикнување на трговијата.

Повеќе од 12 милиони туристи минатата година дошле во Западен Балкан и сите биле загрижени поради цената на роамингот.

Од 1 јули 2017 година Македонците зборуваат поевтино кога патуваат во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, откако кога стапи во сила третато намалување на цените на роаминг услугите согласно со Договорот меѓу четирите држави од 2014 година. Минута разговор дојдовен повик сега чини 11,6 денари, а пред три години изнесуваше 67,9 денари, за СМС порака сега се плаќа 3,7 денари, за разлика од старата цена од 12,3 проценти. Во септември 2014 година во Будва беше потпишан договор зџа заедничко намалување ма роаминг цените помеѓу Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Кон регионалната иницијатива минатата година се приклучија и Албанија и Косово.

Македонците очекуваат пониски цени  во роаминг и со Грција, што во делот на податочниот сообраќај треба да се реализира од летната сезона, како што беше најавено по потпишувањето на Меморандумот за соработка на министерот Манчевски со неговиот  грчки колега Никос Папас.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе