Од македонски онлајн продавници најмногу се купува со американски платежни картички

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Македонците најчесто купуваат онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и од САД. Од македонски онлајн продавници, пак, најмногу се купува онлајн со американски платежни картички, покажуваат  податоците за реализирани трансакции во текот на 2019 година, објавени на веб-страницата на Народната банка.

Во текот на 2019 година со домашни платежни картички во странство реализирани се 3.375.597 онлајн трансакции во вредност од 100,3 милиони евра. Со странски платежни картички во земјава, пак, се реализирани 170.390 онлајн трансакции со вкупна вредност од 6,85 милиони евра, информира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Од вкупниот износ во вредност од 100,3 милиони евра кои Македонците во текот на 2019 година го потрошиле онлајн за купување производи од странство, дури 78,4 проценти од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на ТОП 10 земји каде купувале, односно Унгарија, Обединетото Кралство, САД, Холандија, Ирска, Луксмебург, Грција, Германиј, Австрија и Шпанија.

Убедливо најголем број трансакции со домашни платежни картички (вкупно 1.294.814) се реализирани во корист на веб продавници кои потекнуваат од Обединетото Кралство.

Официјалните податоци покажуваат дека и странците купуваат онлајн од македонски веб продавници. Конкретно, во 2019 година од вкупно реализираниот износ најголем дел припаѓа на имателите на картички од САД, Обединето Кралство, Канада, Швајцарија, ….Во топ 10 земји од каде се купувало он лајн во нашата држава се и  Бугарија, Австралија, Гераманија, Шведска, Турција и Италија.

Од аспект на вредноста на трансакциите, просечна трансакција со платежни картички од земјава кон Обединето Кралство изнесува 1.012,00 денари, односно 5.268,00 денари кон Унгарија и 1.115,00 денари кон САД.

Американските картички реализирале просечни трансакции во вредност од 2.839,00 денари кон македонски веб продавници, додека картички од Обединето Кралство во просек плаќале по 2.305,00 денари.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Бизнис

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more
 

Вести

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Читај повеќе

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Читај повеќе

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Читај повеќе

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Читај повеќе

Хутите погодија четири бродови во Индискиот Океан и Црвеното Море

Читај повеќе
  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе