Од наплата на патарини собрани рекордни 62 милиона евра

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, презентирајќи ги резултатите од работата на претпријатието, рече дека годината што изминува е рекордна од аспект на инвестиции, рекордна година на приход од наплата на патарини, но и историска година затоа што е потпишан договор за идните генерации и за иднината на секој граѓанин и отпочнат проект за градење на 110 километри автопатишта со Bechtel & Enka.

Оваа година, според Рустеми ќе ја завршиме со рекорден приход од 62 милиона евра.

„Поточно, годинава имаме 100% зголемување на приходите од патарина за разлика од пред три години. Како споредба, во 2020 година од наплатени средства по основ на наплата на патарина остварен е вкупен приход во висина од 34 милиони евра, во 2021 година од над 46 милиони евра, во 2022 година износот е веќе над 53 милиони евра и оваа година ќе ја завршиме со 62 милионa евра“, рече тој.

Годинава како што потсети се отпочна и со модернизација на наплатните станици на Коридорот 8, Глумово и Желино, каде што ќе биде воведена исто така електронската наплата.

„Приходите кои се слеваат во нашиот буџет по основ на наплата на патарини и на други приходи се враќаат како инвестиција во одржување, рехабилитација и изградба на патишта.

Една од слабите точки што ги констатирав како прв човек на државни патишта беше одржувањето на патиштата, посебно на автопатите за што со право често бевме критикувани. Од тие причини годинава дополнително преземавме конкретни чекори да ги поправиме состојбите и во интерес на безбедно одвивање на сообраќајот на автопатиштата. Во наредните години ЈПДП континуирано и сеопфатно ќе врши чистење на автопатските делници“, додаде тој.

Во неговата самокритика Рустеми се задржа на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, за која рече дека завршувањето на проектот се пролонгира поради појава на нови свлечишта и обрушување на косините и се во фаза кога е потребна експертска помош.

„Исправени сме пред предизвикот што понатаму? Во која насока ќе се движиме?

Одговор ќе ни даде извештајот од ФИДИК експертот, како и извештајот од Државниот завод за ревизија кои ќе се најдат на следната Владина седница. Овој важен дел од Коридорот 8 треба да се реализира и да биде завршен, а деценискиот проблем решен. И експертската јавност и Државниот завод за ревизија се согласни дека проектот Кичево-Охрид е резултат на лошо проектирање и стартување, односно типичен пример како не треба прерано да се почне со реализација на еден проект.

Искуството ни покажа дека моделот на градба кој досега се применуваше е модел кој продуцира непредвидени проблеми и зголемени финансиси трошоци во реализација на проектите на терен.

Тргнувајќи од ова храбро зачекоривме кон промена на моделот на градба на патишта и сега со примена на модифицираниот ФИДИК и потпишувањето на историскиот договор со конзорциумот Bechtel & Enka, за 4 години и 7 месеци ќе изградиме 110 км автопатишта.

Многумина се скептични, не критикуваат, не веруваат дека проектот ќе успее, и ќе се реализира. Но, јас знам и сум убеден дека ова е проект на иднината и дека во предвидениот рок ќе возиме по нови автопатишта. Тогаш сите ќе се убедат и ќе ги почувствуваат придобивките од овој значаен проект во државава. И кога го потпишувавме договорот реков дека ова е проект за идните генерации и сега стојам на тој став“, потенцира Рустеми.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе