Од среда започнува увидот во Избирачкиот список

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април, во среда (26 февруари) треба да започне јавниот увид во Избирачкиот список што завршува на 11 март на полноќ. Според информациите, Државниот завод за статистика ги обработува податоците од Избирачкиот список, што до нив и до ДИК ги доставило МВР. Во среда започнува и десетдневниот рок за собирање потписи на избирачите за предлагање кандидати за пратеници.

Избирачите своите податоци во Избирачкиот список можеа да ги проверат и пред овој рок, преку апликацијата на веб страната на ДИК www.sec.mk.

Според Роковникот на ДИК, најдоцна 10 дена од денот на распишувањето на изборите Избирачкиот список се става на јавен увид кој може граѓаните да го направат во подрачните одделенија и месните канцеларии на Комисијата, но своите податоци, исто така може да ги проверат и преку апликацијата ставена на веб-страницата на ДИК.

Во истиот период од 26 февруари до 11 март граѓаните можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список и тоа во подрачните одделенија и месни канцеларии на Комисијата.

Увид во Избирачкиот список ќе им биде овозможен и на затворениците и лицата во притвор во казнено-поправните установи. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи на Избирачкиот список за време на јавниот увид државјаните на Република Северна Македонија кои се во притвор или се наоѓаат на извршување казна затвор го поднесуваат преку органот надлежен за извршување на санкциите до ДИК најдоцна до 11 март.

Јавниот увид на 26 февруари започнува и за македонските државјани кои живеат или работат во странство и тој може да се направи во дипломатско-конзуларните претставништва. ДИК преку Министерството за надворешни работи ги доставува до ДКП и конзуларните канцеларии посебните извори од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденцијата од надлежен орган, за ставање на јавен увид.

Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список за време на јавниот увид, државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат преку апликацијата со лична електронска пошта до ДИК.

Од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид државјаните на РСМ кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават пријава своерачно потпишана или испратена преку апликацијата со лична електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори.

Пријавата, ДКП/КК веднаш, а најдоцна во рок од два дена по завршувањето на јавниот увид ја доставува по електронска пошта до МР, а МНР најдоцна во рок од 24 часа од денот на приемот на истите ги достасува до ДИК.

По барањата и пријавите на граѓаните ДИК е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемто на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа по приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужбата УС решава во рок од 24 часа по нејзиниот прием и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат.

ДИК во рок од пет дена (до 16 март) од денот на завршување на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до политичките партии. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе