Од стар автомобил создаваат нов: Инженерите на Mercedes прават чуда
Mercedes отсекогаш знаеле како најдобро да го претстават нивниот производ на купувачите, а ништо не се промени и во рекламата за најновата верзија на моделот C-Class. Во неа е прикажан тим на инженери кои ги менуваат деловите на стариот модел сѐ додека од него не го направат новиот модел, односно четвртата генерација на C-Class.
Рекламата испраќа јасна порака дека развојот на автомобилите на Mercedes никогаш не престанува и дека тие постојано ги подобруваат нивните модели за да бидат во чекор со времето.
Актуелната генерација на C-Class се појави во 2015 година и засега царува во нејзиниот сегмент. Тој е првиот автомобил на Mercedes кој почна да ја користи MRA платформата (Modular Rear Architecture). Оваа платформа е значително полесна благодарение на користењето на алуминиум и челик со висока цврстина, а е полесна од претходната платформа цели 100 килограми.