Од утре нови мерки во Грција: Препорака туристите да се тестираат двапати по пристигнувањето

Силна препорака туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето; задолжителна маска и на отворено и на затворено; задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз; откажување на сите јавни собири за празниците; силна препорака за тестирање пред празничните собири, се новите мерки на грчката Влада што од утре стапуваат во сила во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, соопштувајќи ги одлуките на Владата рече дека мерките се во две фази, првата е од утре, а втората од 3 јануари 2022 година, но за кои дополнително ќе одржи состанок надлежната комисија на епидемиолози.

Во втората фаза, по Нова година, мерките ќе се однесуваат на ноќниот живот, во однос на работното време на клубовите и баровите, на работа од дома, на спортските натпревари и евентуалното одржување без публика.

Мерките што од утре наутро стапуваат во сила и ќе важат до 3 јануари во 6 часот наутро, се однесуваат на задолжителната маска, откажувањето на сите јавни божикни и новогодишни манифестации, но и на силната порака за тестирање.

– Посетителите што доаѓаат во Грција, освен задолжителниот ПЦР од 72 часа или брз тест од 24 часа, бидејќи имаме индикации дека кај многумина болеста се појавува по направениот ПЦР или брз тест, ќе бидат обврзани со силна препорака да го повторат тестирањето на вториот и на четвртиот ден по нивниот влез во земјата, за да можеме да следиме дали се заболени, рече Плеврис, додека пак на новинарско прашање објасни дека за туристите, постои силна препорака за тестирање со фактот дека е „многу тешко, речиси невозможно да се контролира“.

Силна препорака има и за тестирање на граѓаните пред секој собир или прослава, додека пак од утре маската одново станува задолжителна секаде, а не само во затворените простори како што беше случај досега, а новина е воведувањето двојна маска или маска со висока заштита за супермаркетите и јавниот превоз.

Министерот за здравство на Грција истакна дека во секој случај, новите мерки и првиот пакет и вториот по Нова година, нема да упатуваат на евентуален локдаун и целосен карантин, нема да се воведе задолжително праќање смс за излегување, а волјата на Владата е да не се затворат училиштата.

Вчера комисијата на епидемиолози одржа состанок и излезе со конкретни препораки, кои Владата ги прифати, додека пак в понеделник, на 27 декември, одново ќе заседава, за да ги разгледа новите податоци и да ги прецизира мерките за после Нова година.

Како што е и досега пракса во Грција, правилата што од утре стапуваат во сила ќе бидат детално објаснети во министерската одлука што дополнително ќе биде објавена во Службен весник.

Тагови
реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Регион

Се чека ДНК анализата во истрагата за убиството на малата Данка

Read more

Шмит: Не можам да одредам датум за прием на Западен Балкан во ЕУ

Read more

Тома Фила тврди: Слободан Милошевиќ беше убиен со исцрпување

Read more

Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја

Read more
 

Вести

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе

Почина скопски таксист: Возејќи патник на Словенечка доживеал срцев удар

Читај повеќе

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Читај повеќе

Враќање во иднината: 40 средношколци од различни градови викендов ќе работат на креативно изразување на ставовите преку видеа, графити, музика и облека

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Читај повеќе

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Читај повеќе

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Читај повеќе