Одберете роденденски подарок кој ќе биде посебен

Осмислувањето роденденски подарок воопшто не е лесен процес, бидејќи покрај тоа што ја изразуваме нашата наклонетост, љубов и почит што ја чувствуваме кон некоја личност, секогаш се стремиме тоа да биде изненадување кое ќе остане убав спомен.

СО ЕЛЕГАНТНА НОТА

Доколку ни е личноста особено блиска, сигурно повеќе ќе се ангажираме во изборот на роденденски подароци.  За партнерот, членовите од семејството, или најдобрите другари, најчесто избираме поконкретни  подароци, оособено кога се во прашање јубилејните родендени. Во тој поглед, накитот има предност, било да се работи за ѓердан, приврзок, прстен, обетки или можеби  брош. Можемо да избереме поединечно  парче накит, сами да  направимо комплет или да изберемо од веќе направените комплети. Накитот изразува посебна наклонетост, а неговиот избор, посебно ако станува збор за сребрена или златна, жолта, розова, па дури и црна или со нивната комбинација, подарокот за роденден станува софистициран и единствен. Иако овој избор најчесто е наменет за женскиот пол, може и да биде погоден и за машкиот пол, особено  се истакнати ланчињата со привезоци и алки, како и прстените. Без разлика дали се работи за дискретен, дизајниран, со нежна структура или пак е масивен, со камења, посебно изработен и изгравиран, накитот останува траен и многу драгоцен спомен. Како подарок за роденден може да биде и  часовник, манжентни, вратоврска или ремен.

ПРАКТИЧНИ ПОДАРОЦИ

Тие се секогаш сигурна и докажана комбинација, затоа што освен што ќе ја изненадиме нашата блиска личност, истовремено добива нешто што секако ќе и биде од корист. Ова е особено погодно ако не сме доволно блиски со славеникот или не сме сигурни за неговиот вкус. На прво место се козметичките производи, било да се тоа поединечни подароци или сетови, во комбинација со несесер, како и шминка, или парфем. Доколку го познаваме стилот на облекување на славеникот, можеме да избереме и некоја марама или ташна. Практичен избор е и накитот, кој може да се комбинира со други детали, затоа што освен што е елегантен, може и  секојдневно да се носи.

НЕОБИЧЕН ИЗБОР

Подарокот за роденден може да биде и необичен, уникатен или смешен. Изборот навистина е голем, а се зависи од тоа колку сме блиски со личноста која слави роденден. Може тоа да биде некој специјален подарок, на пример заеднички фотографии или текст што го симболизира славеникот направен  на блуза, чаша, перница, а може и некоја фотографија во рамка, пополнет фото албум, книга, друштвена игра, нешто од техника, како слушалки или звучници, опрема за риболов, за камповање, за тренинг, билети за кино, театар, или концерт, како и ваучери кои денес се најпопуларни. Уникатен накит, секогаш е добар избор, а истовремено и необичен  и елегантен подарок. Дури и ако се одлучиме за класичен накит, на пример сребрена нараквица или приврзок, ако изгравираме текст ќе постане уникатен.

ДЕН ЗА ПАМТЕЊЕ

Родендените се моменти кога треба особено да се посветиме на нашите најблиски, да ги направеме среќни и да им го направиме нивниот ден незаборавен. Затоа, важно е да се посветиме на изборот на подарокот за роденден, а што и да избереме, ќе го комплетираме со некоја убава порака, некој стих, чоколадо или цвет.

реклама

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе
  • filter

5 мај 1821, починал Наполеон Бонапарта

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе