Одбиено барањето на косовскиот заменик-министер за правда за посета на осудените за „Диво Насеље“

Управата за извршување на санкциите не ја дозволи бараната посета на осудените лица за „Диво Насеље“ од страна на заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху. Салиху, како што информираат од Управата, може да го посети КПД Идризово, но не и на осудени лица.

Од Управата за извршување на санкциите, информираат дека во согласност со член 199 став 1 и 2 од Законот за извршување на санкциите, осудените лица-странски државјани кои издржуваат казна затвор во казнено-поправните установи во Р.С. Македонија, можат да бидат посетувани од конзуларен претставник сообразно со правилата на меѓународното право, под услови на реципроцитет.

– Конзуларниот претставник е должен претходно да ја најави и закаже посетата во установата во која лицето ја издржува казната затвор. Во случајов, Амбасадата на Република Косово се обратила со барање да му се овозможи на заменикот министер за правда на Република Косово да ги посети косовските државјани кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, а од слобода се лишени на 09.05.2015 година во Куманово. Согласно наведеното, Управата за извршување на санкциите смета дека заменикот министер за правда не е конзуларен претставник на својата држава во Р.С. Македонија, туку е политички претставник на Р. Косово -именуван функционер кој не е истовремено овластен да е конзуларен претставник на Р. Косово за што треба да исполни посебни услови предвидени со меѓународното право. Од оваа причина, почитувајќи го законот, Управата за извршување на санкциите Ве известува дека не сме во можност да ја дозволиме бараната посета на осудените лица наведени погоре во текстот, се вели во соопштението од Управата за извршување на санкциите.

Заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху, на 8 декември најави дека на 9 декември ќе го посети Скопје, како и затворот „Идризово“ и дека ќе оствари средба со раководството на установата, но потоа посетата беше одложена.

Во престрелка во мај 2015 година во кумановската населба Диво Насеље, животот го загубија 8 припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и 10 членови на вооружената група.

За настаните во Диво насеље од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против 8 лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37.

Основниот кривичен суд Скопје во ноември 2017 ја објави првостепената пресуда, а Апелација ја потврди во јули 2019 година. Од 37 обвинети за „тероризам“ и „терористичка организација“, 33 лица беа осудени за делата (7 на доживотна казна затвор, останатите 26 лица на казни затвор од 12 до 40 години), а за 4 лица е донесена ослободителна пресуда.

реклама

Македонија

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Read more
 

Вести

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе