Одобрени првите бескаматни кредити за поддршка на 136 компании во висина од 1,26 милиони евра

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Владата на денешната 38. седница ја задолжи Развојната банка да склучи договори за кредит со кредитобарателите кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити.

Според информацијата на Развојната банка, од обработените барања условите ги исполниле 136 компании со 1.737 вработени, и ним им се одобруваат бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 евра.

-Од овие 136 компании-апликанти, 96 отсто се компании до 10 и компании до 50 вработени, што покажува дека средствата од бескаматната линија Ковид1 примарно ќе стигнат до микро и малите компании. Доставата на Информации со обработени кредитни апликации кои исполнуваат услови до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија Ковид1, односно од Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) со цел намалување на последиците од COVID-19, соопшти владината прес-служба.

Најдоцна до крајот на неделата, се вели во соопштението, Развојна банка ќе стапи во контакт со сите компании чии кредитни апликации беа одобрени на денешната седница на Влада заради реализација на договорите за кредит.

Претходно на седницата, министрите ја разгледаа и усвоија информацијата за барањата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик бр.1 за кредити од Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) со цел намалување на последиците од COVID-19.

Владата денеска дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост за време на полицискиот час. За нив нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот.

-Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во истите временски периоди, велат од Владата.

На  владината седница е донесена и Уредба со која заради прогласената вонредна состојба во државата се наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамки на Министерството за внатрешни работи, вклучително и полицајците – приправници. Со оваа Уредба се врши прецизирање на периодот кога полицаецот-приправник ќе го полага посебниот односно приправничкиот испит и се утврдува дека испитот ќе се спроведе по завршувањето на вонредната состојба, а со цел овозможување редовно функционирање на државата и заштита на јавното здравје, а воедно спречување на ширење на COVID-19.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе