Одземена лиценцата за работа на „Беса транс“

За автобусот на „Беса транс“, во кој загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид јавен превоз на патници.

Возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци поради што на фирмата „Беса Транс БТБ“ се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејност, информира Министерството за транспорт и врски.

– По официјално доставените податоци од Министерството за внатрешни работи, а во однос на опожареното возило со регистарски број SK-0284-BA во сопственост на фирмата „Беса Транс БТБ“, кое учествуваше во сообраќајната несреќа со трагични последици во Република Бугарија, Министерството за транспорт и врски утврди дека за споменатото возило нема издадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид на јавен превоз на патници. Истото возило не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци и извод од лиценци за вршење на јавен внатрешен и/или меѓународен превоз на патници која ја води Министерството за транспорт и врски, соопшти ресорното Министерство.

Притоа, напоменуваме, се вели во соопштението, дека Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата „Беса Транс БТБ“, а возилото кое учествуваше во несреќата не е меѓу нив.

– Согласно член 12 од Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици, на фирмата „Беса Транс БТБ“ се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејност. Притоа, фирмата е должна веднаш да ги депонира лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и изводите од лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници до Министерството за транспорт и врски, велат од Министерството.

Дополнително, додаваат, Владата на последната седница го задолжи Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор на превозникот „Беса Транс БТБ“.

-Министерството за транспорт и врски е во целосна координација со останатите државни институции стои на располагање со целокупната база на податоци, нагласуваат од Министерството. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе