ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2022

Официјално: Пандев отиде кај Буфон во Парма

Горан Пандев остатокот од сезонава ќе го мине кај второлигашот Парма, потврди клубот.

Веста за овој неочекуван трансфер прв ја објави познатиот спортски новинар Џанлука Ди Марцио, па медиумите почнаа да шпекулираат дека се работи за шестмесечна позајмица. Но, подоцна трансферот го потврди и клубот од Парма и тоа како дефинитивен премин, а не позајмица.

„Парма соопштува дека целосното е откупен Горан Пандев од Џеноа“, кратко објавија „Блучеркјатите“ без да наведат детали од договорот иако се знае дека тој е до крајот на сезонава бидејќи Пандев најави пензија.

URL

Пандев по 6 и пол години ја напушта Џеноа и токму кога клубот се чини дека ќе испадне во Серија Би. Клубот од Џенова јавно се прости од својот досегашен член кој за „Грифоните“ одигра вкупно 187 натпревари во сите натпреварувања и постигна 32 гола, но ниту еден сезонава.

Во својот нов клуб Пандев ќе биде соиграч со легендарниот голман Џанлуиџи Буфон.

На Парма сезонава ѝ оди лошо. Клубот се надеваше на екпресно враќање во Серија А откако лани испадна, но моментално е на 12. место и се надева да дојде барем до 8. место за да игра бараж.

Во Италија Горан претходно играше и за Наполи, Интер, Лацио, Анкона и Специја.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе