Хроника

Ограбен сеф во пошта во Бутел

26. јануари 2020 - 16:45 | МИА

Скопје, 26 јануари 2020 (МИА) – Непознат сторител во петокот претпладне извршил тешка кражба во пошта во трговски центар на улицата „Натанаил Кучевишки“ во Бутел, соопшти денеска полицијата.

На 24.01.2020 во 10:15 часот било пријавено дека на улицата „Натанаил Кучевишки“ во трговски центар, во објект на пошта, непознат сторител извршил тешка кражба и од метален сеф одзел пари.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Коментирај