ОЈО: Поднесено обвинение за обид за убиство поради крвна одмазда

Скопје, 15 март 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Кривично-правниот настан се случил на 24.09.2018 година, на крстосница меѓу улиците „Дурмиторска“ и „Алија Авдовиќ“, каде оштетениот преку една социјална мрежа договорил средба со непозната девојка. Откако со своето возило пристигнал на договореното место, пред себе забележал друго возило без регистарски ознаки. Од возачката страна на возилото излегло непознато лице со маска/фантомка на главата, додека од совозачката страна излегол обвинетиот и со огнено оружје упатил рафални истрели кон возилото на оштетениот, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. На овој начин обвинетиот со умисла се обидел да го лиши од живот оштетеното лице, соопшти ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот да ја продолжи претходно изречената мерка притвор за обвинетото лице, сметајќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и околности кои укажуваат дека тој ќе го повтори односно ќе го доврши обиденото кривичното дело.

Притоа, обвинителот особено ја ценеше околноста дека утврден мотив за кривичното дело е крвна одмазда и дека тој мотив се уште постои кај обвинетиот. 

реклама

Хроника

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more
 

Вести

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе