Омаж на маестро Џамбазов со оркестарот на Филхармонија

Оркестарот на Филхармонија в четврток ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45-тото издание на фестивалот Денови на македонска музика, посветен на големиот македонски композитор.

Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк“.

На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус – „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано, потоа дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар – „Реминисценија“, „Балада за Шпато“ и др., како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, меѓу кои се неповторливите „Довидување“, „Само ти“ и др., во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска, под диригентската палка на Џијан Емин.

Со овој концерт оркестарот на Филхармонија, СОКОМ и пејачите кои ќе настапат на сцена ќе му оддадат признание и почит на македонскиот композитор и диригент – Александар Џамбазов, кој зад себе остави непроценлив музички опус.

Творештвото на Александар Џамбазов (1936-1922) главно ротира околу формата на популарните жанрови. Повеќе од 40 години композициите на Џамбазов беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија. Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна.

Особено е значајно и неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на Златно славејче, неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да прерасне во еден од најважните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите. Во сферата на класичната музика Џамбазов напиша неколку маркантни композиции, а неговата „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во Кава де Тирени, Италија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе