Општина Аеродром: ДУП за Лисиче не предвидува стотици згради, туку индивидуални објекти

„Победниците во категоријата 'лажни и нереални вести и информации' повторно деновиве во обид да ја дезинформираат јавноста. За жал неуспешно заврши блефот на коалицијата Левица и СДСМ за собирање политички поени со лаги и дезинформации. Објавите, вестите и прес конференциите за процесот на донесување на Детален урбанистички план во Општина Аеродром е целосна лага и измислица, креирана во ПР службите на овие политички парии, кои за жал немаат допир со реалноста и одамна го надминаа прагот на коректност и пристојност“, се вели во демантот од Општина Аеродром во врска со тврдењата од СДСМ дека според ДУП за населбата Лисиче е предвидено изградба на згради.

„Конкретниот ДУП за кој деновиве се пишува на социјалните мрежи и во медиумите и кој конкретно за се однесува за дел од населбата Лисиче е изработен пред неколку години, пред доаѓањето на Муцунски за градоначалник во Општина Аеродром. Во него најголемиот дел од парцелите, односно повеќе од 95% се наменети за А1 објекти за индивидуално домување, односно за семејни објекти, што говори за фактот дека со него се решаваат инфраструктурни и сообраќајни проблеми, но и неговото донесување ќе значи и забрзување на процесот на решавање на веќе поднесените барања за легализација на бесправно изградените индивидуални објекти во ова населено место“.

„Најважно од сѐ дека истиот, во ниту еден случај не предвидува изградба на стотици згради, напротив решава проблем на стотици граѓани во овој дел од општината. Целата постапка за измена на постоечкиот ДУП е јавна, транспарентна и во согласност со законите. Токму поради тоа во тек е јавната анкета преку која граѓаните со свои забелешки и сугестии може да даваат предлози за негова корекција и доработка. И во таа насока уште еднаш ги повикуваме граѓаните да го погледнат планот, да пополнат анкетни листови и да се уверат за што станува збор. Воедно да увидат дека информациите кои се пласираат во јавноста се целосна лага и невистина. Токму забелешките од граѓаните ќе бидат основа за носење поквалитетен Детален урбанистички план, а финалната верзија од ДУП-от ќе биде изработена по завршување на јавната анкета и во неа ќе бидат земени предвид најголемиот дел мислењата и ставовите на граѓаните кои живеат во овие населени места. Аеродром е транспарента и отворена општина, која одлуките ги носи во консултација и соработка со граѓаните. Фактот дека за конкретниот ДУП веќе тече постапка на консултација со јавноста, е уште една потврда за истото“.

„Општината Аеродром, преку стручните служби стои целосно на располагање за сите прашања и забелешки на граѓаните. На крајот уште еднаш потенцираме дека токму хуманата урбанизација и решавање на инфраструктурните проблеми на граѓаните беше едно од клучните ветувања во изборната програма на Градоначалникот Тимчо Муцунски. Во оваа прилика уште еднаш апелираме до политичките субјекти да се воздржат од ширење лаги и дезинформации, но апелираме и до граѓаните со апсолутна резерва да ги земаат предвид вестите кои се споделуваат од изворите кои досега во сите наврати се покажале како извор кој единствено шири, лаги, манипулации и дезинформации“, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

реклама

Македонија

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе