Општина Центар објави јавен повик за субвенции за дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед и е-тротинет

Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечна субвенција за жителите на Општина Центар, за купување на дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2023 година.

Согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар за 2023 година Општина Центар се грижи за поздрава животна средина и намален сообраќаен метеж преку полесен пристап за набавка на дополнителна и заштитна опрема за велосипед, е-велосипед и е-тротинет.

„Општина Центар преку различни проекти ги мотивира граѓаните да користат еколошки превозни средства кои ја развиваат физичката активност, влијаат на виталноста на телото, но и го одбегнуваат метежот во сообраќајот. Преку проектот Центар на точак само минатата година субвенциониравме 134 жители кои купија нов велосипед и 7 за нов е-тротинет, а од оваа година за прв пат во државата ќе се субвенционира и купување на дополнителна опрема за велосипеди и е-тротинети. На мое задоволство Општина Центар повторно е водилка во воведување на проекти кои ги нема ниту една локална самоуправа во државата“, смета Герасимовски.

Јавниот повик ќе трае сѐ до исцрпување на средствата што се предвидени во Буџетот на општината, по принципот ,,прв дојден – прв услужен“. Со Јавниот повик ќе се субвенционира 30% од цената за купување на дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед и е-тротинет, но најмногу до 1.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што купил дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед или е-тротинет има право да аплицира на Јавниот повик, ретроактивно од 01.08.2023 година. Потребните документи за аплицирање на Јавниот повик за доделување на поединечна субвенција се објавени на веб-страницата на Општина Центар. Барањата со комплетна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар, барака бр. 6, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот. Правото на субвенција е еднократно.

Сите дополнителни прашања граѓаните ќе може да ги постават на телефонските броеви: 02/3203-600 и 02/3203-693.

„Општина Центар е силно фокусирана за зголемена употреба на велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети, а потврда за тоа е наградата за Највело општина во Скопскиот плански регион за 2023“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе