Орбан ја блокира Украина

Макфакс
/ 05.12.2023 / 08:51

Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара на претстојниот самит на лидерите на Европската Унија следната недела да се избегне донесување одлука за почеток на преговорите на Украина за членство во ЕУ.

Тоа барање Орбан го изнесе во писмо до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, наведувајќи дека на самитот не треба да се одлучува за планираниот буџет, кој вклучува 50 милијарди евра економска поддршка за Киев.

Како што јави Reuters, таквиот став е спротивен на ставот на Европската комисија, која минатиот месец препорача лидерите на ЕУ да дадат „зелено светло“ на Украина за почеток на пристапните преговори, но за да биде усвоена таквата одлука, потребна е едногласна поддршка од земјите членки.

„Со почит ве повикувам да не барате од Европскиот совет да одлучува за овие прашања во декември бидејќи очигледниот недостаток на консензус неизбежно ќе доведе до неуспех. Европскиот совет мора да го избегне ова контрапродуктивно сценарио заради единството, нашата најважна предност“, напиша Орбан во писмото до Мишел.

Британската агенција наведува дека пристапувањето во ЕУ е од големо значење за Украина, поради војната против Русија која започна во февруари 2022 година.

Дипломатите од земјите на ЕУ кои ја поддржуваат Украина изразија загриженост дека немањето договор за преговори за членство и финансиска помош на самитот ќе биде голем политички удар за Киев во средината на војната и може да биде форма на поддршка за Русија.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе