Орбан ја нападна ЕУ: Води ЛГБТК офанзива и се залага за федерализам

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повторно ја нападна Европската Унија, овој пат за водењето на „ЛГБТК офанзива“ и застапување на федерализам, нагласувајќи дека Будимпешта ќе ги зачува христијанските корени на земјата.

Во говорот во Романија, Орбан, долгогодишен критичар на Брисел, рече дека се надева оти европските избори следната година ќе ги зајакнат владите што се спротивставуваат на „федерализмот“ за кој се залагаат Германија и Франција.

На власт од 2010 година, Орбан пред две години забрани содржини за кои верува дека промовираат хомосексуалност и промена на полот во училиштата, тврдејќи дека децата треба да бидат заштитени од „ЛГБТК пропаганда“.

Унгарскиот премиер се судри и со Брисел за други прашања како владеењето на правото, реформите во медиумите и судството. ЕУ е „или империја или (индивидуални) нации“, рече Орбан.

„Не смееме да имаме илузии. Федералистите се обидуваат да нè истиснат. Тие отворено сакаа промена на власта во Унгарија во 2022 година“, тврди Орбан, додавајќи дека тоа сега се повторува и во Полска.

Полјаците ќе излезат на есен, каде конзервативната партија Право и Правда (ПиС) ќе се обиде да освои трет мандат. ПиС усвои бројни мерки слични на Фидес на Орбан, а двете земји се судрија околу владеењето на правото со Брисел, што доведе до суспензија на дел од европските фондови.

Орбан смета дека рамнотежата меѓу федералистите и државите кои не сакаат да му предадат дополнителни овластувања на Брисел се променила кога Велика Британија излезе од ЕУ, па сега само Варшава и Будимпешта одржуваат „антифедералистичка позиција“.

Орбан ја засили анти-ЛГБТ реториката во време кога Унгарија се справува со економски проблеми и висока инфлација, која беше 25 отсто во првиот квартал од годината.

реклама

Возачи, внимавајте: AI камери во Грција казнуваат празни совозачки седишта

Read more

Нови пораки откриени на судењето на родителите на Коста К.: Присутните во судницата шокирани од нивната содржина

Read more

Пилешки џигер според грчки рецепт

Read more

Кинезите шокираа: Колку далеку може да возат електричните автомобили?

Read more

Свет

Близок помошник на Нетанјаху обвинет за протекување на класифицирани воени документи

Read more

Мелони: ЕУ треба да назначи еден претставник за разговори со Русија

Read more

Британскиот министер за одбрана поднесе оставка: Немам друг избор

Read more

ЛАПД заплени 72 автомобила, возачите тврдат дека немале намера да се тркаат

Read more

Вести

Двајца загинати во сообраќајка на патот Градско -Прилеп

Читај повеќе

Со Муцунски зборувам бугарски и се сложуваме одлично, рече Петрова-Чамова

Читај повеќе

Близок помошник на Нетанјаху обвинет за протекување на класифицирани воени документи

Читај повеќе

Викендов во Грција со дожд, ветер и пад на температурите

Читај повеќе

Делови од Скопје утре без струја

Читај повеќе

МВР со детали за обуката за управување на мотоцикл до 125cm³ 

Читај повеќе

Алиу: За туѓа нега, пациентите нема да мораат на прегледи на 6 месеци или година

Читај повеќе

Утре започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта

Читај повеќе

Мелони: ЕУ треба да назначи еден претставник за разговори со Русија

Читај повеќе