Османи: Истрагата за автобуската несреќа е врвен приоритет за бугарското Обвинителство

Истрагата за автобуската несреќа има врвен приоритет кај бугарското Обвинителство и се работи на тоа што побрзо да излезат со резултати од самата истрага, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата во Софија со бугарскиот главен обвинител надлежен за истрагата, додавајќи дека шпекулациите во врска со овој случај нe помагаат во истражната постапка.

Османи во изјава за медиумите нагласи дека на средбата со обвинителот станало збор за деталите околу идентификацијата и било договорено да се забрза постапката за собирање биолошки материјал од роднини на починатите во Скопје, постапка која што МНР веќе ја прави и очекува да се заокружи со цел да почне процесот на идентификација, во кој процес активно се вклучени и нашите експерти. Самата постака на идентификација на загинатите, посочи шефот на дипломатијата, се очекува да трае најмалку седум дена.

– Процесот на идентификација врз основа на ДНК материјали ќе трае седум дена и тоа е важно за семејствата, важно е за државата во доменот на планирањето. Сакам уште еднаш да им се извинам на семејствата што не можевме да им дадеме и сè уште не можеме да им дадеме индивидуални информации по однос на починатите, бидејќи мораме да го почекаме процесот на идентификација. Но, ги замолив денеска да се вратат во Скопје, бидејќи сепак ќе треба седум дена најмалку за да се заврши тој процес. И откако ќе заврши идентификацијата на сите тела, тогаш МНР, односно државата, ќе ги преземе телата и ќе организира транспорт со погребални возила во Скопје и потоа од Скопје ќе можат да ги подигнат семејствата, рече Османи пред влезот на Главниот суд во Софија.

На средбата со истражниот обвинител станало збор и за истрагата за автобуската несреќа, но и за шпекулациите коишто ги има во јавноста. При тоа било нагласено дека шпекулациите не помагаат на истрагата, дека се штетни, неточни и дека не се произлезени на никој начин од страна на самата истрага и од обвинителите, туку дека допрва ќе треба тој процес да заврши. 

– Во оваа фаза не можам да споделам сè, меѓутоа е важно дека шпекулациите коишто ги има во јавноста се неточни, дека не треба да се продолжи со овој тренд на шпекулирање во однос на причините, бидејќи ја влошува и така тешката емоционална состојба на семејствата, меѓутоа и ја одлага самата истрага, рече Османи прашан да сподели детали од разговорот за несреќата.

Извршен е разговор и со преживеаните коишто се во болницата, а во истрагата се вклучени и нашите обвинители кои вчера биле на самото место, а во текот на денот разменувале информации и ќе продолжат да разменуваат.

– Добив впечаток дека е даден врвен приоритет овде во Обвинителството во Бугарија на оваа истрага и дека сериозно се зафатени што побрзо да излезат со резултати затоа што и тие се свесни прво, колку е важно брзо да заврши идентификацијата, телата да бидат предадени на семејствата и второ, да се дадат конечните анализи за самата истрага, подвлече Османи.

Од страна на бугарското Јавно обвинителство, појасни Османи, е побарано разбирање, бидејќи овој процес е сложен и мора да биде соодветно процесуиран за да може резултатите да бидат објективни. 

Според шефот на дипломатијата, ДНК анализата ќе се врши во Бугарија, но се работи на тоа дел од примероците се земаат од секој починат и во Скопје за дополнителна истрага.  

– Институциите се во блиска комуникација, во отворена соработка, ги разменуваат сите податоци по однос на оваа трагедија, додаде Османи.  

Тој информира дека посетата е дозволена на дел од повредените кои се хоспитализирани во болницата во Софија, но не и на оние кои биле подложени на оперативен зафат, што претставува исклучок, бидејќи поради ковид-пандемијата во Бугарија има забрана за посета во болниците. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе