Османи: Нашите експерти се во Бугарија, но чекаат дозвола од бугарското обвинителство

Софија, 24 ноември 2021 (МИА) – Се надевам дека оваа истрага ќе се одвива темелно, да се одредат вистинските причини за трагедијата и доколку навистина има човечки фактор зад тоа, да се преземат сите неопходни мерки. Вчера имаа прес-конференција и министерот за транспорт и министерот за внатрешни работи, ги кажаа своите ставови и најкомпетентно е сепак тие да кажат став по однос на тоа кој има одговорност, дали има одговорност, изјави денеска во Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Според информациите коишто ги имам, истрагата е во тек, ја водат државните власти во Република Бугарија, наши претставници има во тие екипи да помогнат. Ние имаме можности дополнително доколку се појави потреба да таква експертиза. Ви ја кажав ситуацијата во делот со идентификацијата, со судската медицина. Нашите експерти се тука од вчера, меѓутоа вчера не им било дозволено затоа што се бара дозвола од бугарското обвинителство. Пуштивме нота вчера, со барање официјално, таа нота беше попладнето, очекуваме утринава обвинителството да им дозволи на Институтот за судска медицина во Софија да се вклучат нашите професори, рече Османи.

Во однос на информациите дали автобусот немал лиценца, Османи рече дека министерот за транспорт вчера имаше прес-конференција и кажа дека има три нивоа на сертифицирање – компанијата, возилото и возачот.

– Изгледа дека возилото не е регистрирано во нашиот центар, конкретното возило, а не на компанијата. Но, сепак, не очекувајте од мене такви детални информации, сепак мојата улога е поинаква во овој процес, истакна Османи. 

Во одговор на новинарско прашање дали разговарал со повредените околу несреќата, Османи рече дека дел од нив се во тешка психичка состојба.

– Тие целосно ја паметат  приказната, сето тоа што се случи. Дел од нив се во тешка психолошка состојба на коишто им е потребна професионална помош. Затоа јас презедов обврска ако треба и од Скопје да донесеме заради јазичните бариери евентуално да можат да им помогнат луѓето да ја пребродат полесно состојбата. Сѐ што треба, ако проценат лекарите да донесеме од Скопје ние тоа ќе го направиме. Затоа јас сум тука денеска за да олеснам секој вид на координација, додаде министерот за надворешни работи кој и денеска ќе остане во Софија за координација во врска со несреќата.

Автопатот „Струма“ отворен за сообраќај, ќе се прави увид за состојбата на делницата

Автопатот „Струма“ во правец кон Софија повторно е отворен за сообераќај. Коловозната лента во реонот каде се случи несреќата на автобусот со македенски патници, кон Благоевград – Кулата останува затворена. Сообраќајот во оваа насока се одвива преку обиколна траса: патна клучка Даскалово – Перник – Радомир – Долна Дикања.

Автобусот, кој што вчера изутрината изгоре при што загинаа 45 патници, а седум беа повредени, беше отстранет доцна синоќа и транспортиран кон Перник.

Според најавите, работна група на регионалното министерство треба да почне истрага. Формиран е тим со  претставници на Агенцијата за патна инфраструктура и од Дирекцијата за национална контрола во градежништвото, кој во рок од пет дена треба да изврши увид  и проверка на тротоарот, патната сигнализација, рестриктивните системи и  хоризонталното обележување. Врз основа на наодите од увидот и проверките треба да презентира извештај за состојбата на делницата, како и да процени какви мерки ќе се преземат за нејзино обновување.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе