Османи од Софија: Да го прекинеме циклусот на провокации и насилство од двете страни

Мора да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни и да ја наметнеме нашата позитивна агенда која двете влади се обидуваме макотрпно да ја изградиме. Нема да доволиме да бидеме жртва на киднапери на овој наратив којшто сакаме да го изградиме од двете страни, порача денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи од Софија.

Османи, кој заедно со неговиот бугарски колега Николај Милков, го посети повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, уште еднаш го осуди нападот врз Пендиков.

– Таквиот чин на насилство не ги одразува вредностите на граѓаните на Република Северна Македонија, на нашето мултиетничко општество и Северна Македонија ќе се погрижи да има нула толеранција за насилство како одговор на било кој проблем, а најмалку на меѓуетничкиот соживот што е нешто свето што го градиме во последните 30 години во Северна Македонија и државата ќе се погрижи да се создаде таква атмосфера на нула толеранција на насилство како одговор на било кој проблем, а најмалку на меѓуетничкиот соживот, рече Османи.

Тој порача дека најважната порака што сака да ја упати е дека нема да дозволиме како две влади провокатори и насилници да ни ја киднапираат таа агенда.

– Затоа сум дојден тука, да ја испратам таа порака - дека ние градиме добри односи со Бугарија, ја гледаме иднината во блиска соработка и партнерство со Бугарија, и било кој провокатор, дали е тоа политичар од Бугарија или од Северна Македонија, дали е тоа насилникот од Охрид или од било каде, нема да дозволиме тие да ни ја диктираат агендата. Бугарската заедница е и ќе биде почитувана заедница во Република Северна Македонија, ќе ги имаат сите права, слободи, и привилегии како и секој друг граѓанин и секоја друга заедница, и заедно со другите ќе живеат подеднакво слободни, рече Османи.

Тој исто така упати и порака дека нема да се дозволи и негирање на македонскиот народ.

– И затоа сакам и да упатам порака дека и тие провокации треба да престанат и да укажам дека секое доаѓање во Северна Македонија, со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање во Северна Македонија. Значи и двете прашања ќе мора подеднакво. Фокусот денеска е на ова насилство врз Христијан коешто мора да го осудиме, и мора да создадеме атмосфера на нула толеранција, но исто така и провокација од политичари кои доаѓаат во Северна Македонија среде Скопје, го негираат македонскиот народ, го навредуваат македонскиот народ, тоа мора да го пркеинеме и тој вициозен циклус во којшто сме влезени мора да престане, дециден е Османи.

Затоа, додаде тој, упатувањето е дека тоа веројатно ќе биде последно доаѓање во Северна Македонија на секој кој ќе ги навреди Македонците, македонскиот народ или било која друга заедница, како што ние нема да дозволиме никој да ги навреди бугарската заедница, или пак најмалку да покаже насилство кон било кој припадник на бугарската заедница во Северна Македонија и државата тоа ќе го гарантира.

В.д. бугарскиот министер за надворешни работи Милков рече дека Бугарија нема да отстапи од заштитата на правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија.

– Бугарија цврсто инсистира сторителите на овој чин и други слични дела да бидат казнети со строгост на законот, за да се стави крај на оваа атмосфера на неказнивост што раѓа ново и ново насилство, рече Милков, по посетата на Пендиков на ВМА.

Тој додаде дека сака да каже „не“ за заживување на „црните традиции“ кои историски се поврзуваат со Северна Македонија – палење, пукање и насилство врз луѓето.

– За такви работи воопшто нема место во Европа и ние сме крајно загрижени поради тоа, додаде Милков. Според министерот, Пендиков продолжува да добива закани на интернет.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе