Османи: Попишаните се најмногу од Швајцарија, Германија и Италија, послабо од Канада и Австралија

„Попишувањето на дипломатијата завршува денеска, но продолжува за дијаспората. Бројот на наши попишани граѓани од дијаспората надмина 60 илјади“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

- На прво место е Швјацарија со околу 16.000, што е една четвртина од очекуваните бројки, потоа следат Германија со 10.000, Италија со 6.000, додека во Канада и Австралија имаме далеку послаби резултати, за што како одговорно Министерство преземаме дополнителни активности и повикуваме што поголем број да се охрабрат и одвојат неколку минути за овој процес, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Попишувањето на нашите дипломати и членови на конзуларни претставништва е успешно завршено денеска, а продолжува попишувањето на дијаспората, што ќе трае до 22 април.

– Пописот е важна работа, а учеството на дијаспората значи правилно мапирање на дистрибуцијата на нашите граѓани во страство, што е важно за да имаме основа за носење развојни политики врз прецизни податоци, кои ќе бидат од директно значење за нашата дијаспора, изјави Османи.

Активно работиме на промоција и дисеминација на овој процес, рече Османи, нагласувајќи дека работната група на МНР е во постојано заседавање и ја следи работата на ДКП и телефонските линии се постојано отворени и се користат активно.

– Нашите амбасади и конзуларни претставништва интензивно работат со здруженијата на граѓани, асоцијации и верски здруженија. Целата мрежа е ставена во фокусот на овој процес, како нивни прв приоритет, изјави Османи.

Во рамки на своите дипломатски активности, Османи, посочи дека утре заминува за Швајцарија и потоа во Мадрид, каде ќе има средби и со дијаспората.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе