Османи: Провокациите кои доаѓаат од Бугарија се од профили кои се деструктивни, да не им даваме значење

Скопје, 4 декември 2022 (МИА) – Провокациите кои доаѓаат од Бугарија се од профили кои се деструктивни за нивните општества. Тие не рефлектираат никаков позитивен имиџ за својата држава и за своето општество. Најдобро е да ги игнорираме и да не им даваме многу тежина на таквите луѓе, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според Османи, не треба да ги охрабруваме провокаторите бидејќи на тој начин ќе станат уште посилни во Бугарија. Тој смета дека од таквите профили воопшто не треба да се навредуваме.

-Ова што се случува, провокациите од типот „член на историска Комисија рекол нешто за нашата држава“, ние не можеме да ставиме ограда и да ги спречиме луѓето да зборуваат, да провоцираат. Меѓутоа, важно е дали ќе им дозволиме они да го водат орото. Мислам дека полека им ја преземаме агендата на провокаторите, на тие што сакаат лоши односи, рече Османи на брифингот, во одговор на новинарско прашање за актуелните провокации од Бугарија.

Тој додаде дека со Бугарија треба внимателно да се постапува, фактот што таму нема политичка влада создава потешкотии, но како што рече, луѓето кои провоцираат во однос на територијалните претензии, тоа го прават намерно за истото да го користат како политичка агенда во Бугарија.

-Провокаторите во однос на територијалните претензии кон друг народ, тоа го прават намерно, за да ние реагираме и после тоа го користат во политичката агенда во Бугарија. Очигледно, таму не е расчистено дали ќе има нови избори, и сега секој се обидува да добие од кај нас гласност, за да таа гласност таму ја продаде како своја партиска приказна. Ние реагиравме со нота до бугарското МНР, кое во последните комуникации кажува дека тоа не е став на бугарската држава, рече Османи.

Тој додаде дека за сега преговорите течат во најдобар ред, а билатерланиот скрининг оди по план.

-Тоа што слушам од првични реакции од земји членки е дека навистина се позитивно импресионирани од тоа како нашите екипи ги претставуаат постигнувањата до сега. Имаме еден сериозен пристап. Уште немаме формален одговор, меѓутоа од првиот разговор што го имам со земјите членки, коментарот е дека позитивно се импересионирани од тоа што ние го прикажуваме, рече Османи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе