Кандидатот за претседател од редовите на ДУИ и актуелен шеф на МНР, Бујар Османи, преку видео порака објави дека собрал 10 илјади потписи, со што го исполнува условот за учество на престојните претседателски избори.
Во обраќањето, Османи рече дека веста за потписите го затекнала во домашен амбиент.
Повика на позитивна кампања, каде ќе се судрат идеите и делата.