Остар пад на Волстрит

Цените на акциите на Волстрит нагло паднаа во вторникот, откако претседателот на ФЕД, Џером Пауел изјави дека поради високата инфлација, централната банка најверојатно ќе ги зголеми каматните стапки повеќе од претходно очекуваното. Dow Jones потона за 1,72 отсто, на 32.856 поени, додека S&P 500 падна за 1,53 отсто, на 3.986 поени, а Nasdaq индексот се намали за 1,25 отсто, на 11.530 поени.

Падот на индексот дојде откако Пауел во извештајот до Конгресот за економската состојба рече дека ФЕД е подготвен да преземе повеќе чекори доколку идните економски податоци покажат дека се потребни построги мерки за да се ограничи инфлацијата.

Ова ги поттикна стравувањата на инвеститорите дека централната банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,50 процентни поени на состанокот во март, бидејќи сите најнови податоци покажуваат дека инфлацијата во САД останува на високо ниво, а економијата продолжува солидно да расте.

Пауел утре ќе го продолжи својот извештај пред Конгресот

Поради ова, пазарот на пари сега проценува дека има 70 отсто шанси ФЕД да ги зголеми каматните стапки за 0,50 процентни поени во март, додека веќе во понеделник тие шанси беа околу 30 отсто.

Пауел, кој утре ќе го продолжи својот извештај до Конгресот, исто така рече дека ФЕД не се откажува од целното ниво на инфлација од 2 отсто и дека трендовите на пазарот на труд не укажуваат на тоа дека економијата е пред пад.

По пораките на Пауел, зајакнати се проценките дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки на опсег од 5,50 до 5,75 отсто до септември, додека сега каматните стапки се меѓу 4,50 и 4,75 отсто. Сепак, велат аналитичарите, тоа ќе зависи и од дополнителните податоци за инфлацијата и движењата на пазарот на трудот.

Цените на акциите паднаа и на европските берзи

Затоа извештајот за вработување во САД во петок ќе биде во фокусот на инвеститорите. Аналитичарите анкетирани од Ројтерс процениле дека бројот на вработени се зголемил за 200.000 во февруари, многу побавно од 517.000 во јануари.

Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,13 отсто, на 7.919 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,60 отсто, на 15.559 поени, а париски CAC за 0,46 отсто, на 7.339 поени.

Тагови
реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе