Осумгодишни деца во Сирија отруени од сарин

Најмалку 72 лица, од кои 20 деца, загинаа во сириската провинција Идлиб од вдишување на отровни гасови по воздушниот напад на бунтовничкото упориште од страна на сириската армија.

Додека Западот го обвинува сирискиот претседател дека неговата војска користи хемиско оружје, Русија, сојузникот на сирискиот режим тврди дека нападите биле извршени врз складиштето за хемиско оружје кое припаѓа на бунтовниците. Додека светските сили се обвинуваат едни со други,  точно е дека голем број на невини жртви загинаа во страшна болка, а  многу од нив се уште се борат за својот живот, откако биле подложени на страшни токсични гасови.

Светската здравствена организација соопшти дека жртвите на нападот покажуваат симптоми слични на оние предизвикани од нервен гас. Како што е наведено, веројатноста за изложеност на хемиски напад е голема поради недостигот од надворешни рани. Доктор Мохамед Мансур испрати клип од болницата каде што ги лечи отруените луѓе и вели дека е 90 отсто сигурен дека се користел отровен гас сарин.

„Врз основа на нашето искуство, со 90 отсто сигурност можам да кажам дека гасот  сарин бил користен против овие цивили“, рече тој.

Овој доктор лечеше околу 100 луѓе веднаш по нападите и меѓу неговите пациенти има голем бројот на деца. Саринот е високо токсично хемиско оружје што може да убие во рок од неколку минути и е 26 пати посмртоносен од цијанидот.

Жртвите го дишат овој гас, кој е без мирис и безбоен и првите симптоми се  течење на носот, болка или притисок во градите, потешкотии во дишењето, а потоа губење на контролата на телесните функции, повраќање и губење на свеста.

Во нападот од воздух во провинцијата Идлиб загинаа најмалку 72 лица, а десетици беа повредени, според Сириската опсерваторија за човекови права. Меѓу жртвите најбројни се цивилите, вклучувајќи најмалку 20 деца на возраст од осум години.

Саринот е еднакво опасен ако се вдишува или ако се случи допир до кожата. Дури и концентрација на пареа е доволна за да навлезе побрзо во кожата. Луѓето кои се изложени на сарин, ако не добијат соодветен третман може да имаат  последици за цел живот.

Смртта може да уследи само неколку минути по директното вдишување на само 0,01 милиграми на килограм телесна тежина, ако во краток рок не се обезбеди противотров, обично атропин. Тој е едно од најчесто користените хемиски оружја, иако е класифицирани како оружје за масовно уништување и неговото производство и складирање е забрането во 1993 година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе