Откачена биологија: Сѐ што не сте знаеле за интелигентните октоподи
Октопод е животно од типот мекотели. Спаѓа во класата главоноги и се вбројува во фамилијата октоподи која брои 150 видови.
Октоподот живее во топлите и во умерените мориња, на длабочина до 30 метри (лете) и до 100 метри (зиме), во води со карпесто и камчесто дно. Не поднесува ниски температури. Доволна е малку постудена зима, па да исчезне целата популација октоподи и да не може да се обнови во текот на следните неколку години. Должината им се движи од 3 сантиметри до 9 метри (од што 5 метри отпаѓаат на краците). Октоподите тежат од 200 грама до 5 килограми, додека најголемите единки може да достигнат тежина и до 200 килограми. Живеат околу две години.