Откриена тактиката како Бил Гејтс ја изневерувал сопругата

Бил Гејтс на работа доаѓал со Mercedes, а потоа заминувал на средби со Porsche, тврдат негови соработници кои сметаат дека тоа било тактика за средби со други жени додека бил во брак со Мелинда Гејтс, пишува Business Insider.

„Претпоставувавме дека го прави тоа кога одеше на средби со други жени“, вели вработен во Microsoft за Vanity Fair. „Знаев и дека често оди на некои состаноци коишто не беа наведени во  неговиот календар“, додава тој.

Гејтс е познат како страстен колекционер на автомобили. Вработените во Microsoft морале да потпишат договор за тајност според кој им било забрането да зборуваат за начинот на кој Гејтс управува со компанијата.

Два извори изјавиле за Vanity Fair дека луѓе блиски до Мелинда соработувале со приватен истражител што на крајот довело до поднесување барање за развод. Тоа што е откриено ќе биде вклучено во бракоразводната постапка.

Портпаролот на Гејтс ги отфрли овие тврдења.

Во мај The New York Times пишуваше дека Гејтс често се додворувал на жени кои работеле со него. На една наводно ѝ испратил мејл со покана за вечера, додека друга ја повикал на средба додека биле заедно на службено патување.

Неколку сегашни и поранешни  вработени за Times тогаш изјавија дека тие инциденти довеле до создавање непријатна работна средина, а приватниот живот на Гејтс станал цел на муабети меѓу вработените.

Во 2019 година управниот одбор на Microsoft отвори истрага за неговото однесување, а Гејтс отстапи од одборот следната година, по што фирмата најми адвокати за да ги испита тврдењата.

Неговата портпаролка тогаш изјави дека одлуката за заминување од одборот нема врска со аферата.

Бил и Мелинда беа во брак 27 години, а веста за разводот ја објавија на почетокот на мај. Заедно имаат 3 деца.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе