Отворете ги очите: 13 знаци на лажно пријателство

Замислете дека имате пријателка која многу ја сакате, ѝ доверувате тајни, спремни сте да направите сѐ за неа, а таа... Таа негува негативни чувства кон вас.

Психолозите тврдат дека постојат знаци кои можат да ни укажат дека сме опкружени со неискрени пријатели. Обрнете внимание на следните работи, тие можат да ви помогнат да откриете дали вашите пријатели се навистина пријатели.

1. Кога неа ѝ е тешко може да ви се јави сто пати на ден. Меѓутоа, кога ви треба рамо за плачење - никаде го нема.

2. Внатрешното чувство ви кажува дека не треба да ѝ верувате. Слушајте го вашиот внатрешен глас дури и кога не можете да најдете рационално објаснување за тоа.

3. Често ви дава коментари поради кои се чувствувате лошо.

4. Кога вие сте среќни, таа не е, но кога ви се случуваат лоши работи, таа блеска.

5. Кога малку ќе размислите, сфаќате дека сите ваши разговори се вртат околу неа, нејзините проблеми, нејзиниот живот, а вие сте секогаш во втор план.

6. Сте слушнале дека ве озборува и кажува работи зад вашиот грб.

7. На социјалните мрежи пишува суптилни навреди за вас и другите заеднички пријатели. Таа има негативен коментар за секој ваш статус.

8. Забележувате дека повеќе не сте опуштени во разговорот со неа и дека треба да внимавате што зборувате, а што не.

9. Зборува со вас како да сте мало дете, не ве сфаќа сериозно.

10. Не брза да одговори на вашите пораки, мејлови, повици, освен кога нешто ѝ треба.

11. Толку многу ве критикува (за ваше добро) што често се прашувате на чија страна е.

12. Можеби е прониклива, но во исто време и нетактична (како воопшто да нема сочувство). Кога ќе ѝ се доверите, таа ќе ви даде многу совети за да ве убеди дека всушност грешите.

13. Секоја добра вест што ќе ја споделите со неа - ја упропастува. Ако сте ослабеле 3 килограми, ќе се обиде (преку шега) да ви спомне дека треба да изгубите уште толку ако не сакате саканиот да ве остави.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе