Падот на банкарскиот сектор го притисна Волстрит

На Волстрит цените на акциите паднаа бидејќи инвеститорите стравуваат дека каматните стапки ќе останат повисоки од очекуваните и бидејќи S&P го намали рејтингот на голем број регионални банки.

Dow Jones загуби 0,51 отсто, на 34.288 поени, а S&P 500 загуби 0,28 отсто, на 4.387 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,06 отсто, на 13.505 поени.

Вчера најмногу падна индексот S&P 500 на банкарскиот сектор, во просек за 2,4 отсто, откако агенцијата Standard & Poor's го намали кредитниот рејтинг на голем број регионални банки бидејќи, како што објасни, наглото зголемување на каматните стапки е оптоварување на финансирањето и ликвидноста на многу американски банки.

Значително падна и цената на акцијата на Nvidia, речиси 3 отсто, откако претходниот ден скокна за повеќе од 8 отсто. Инвеститорите се повнимателни со акциите на производителот на чипови пред неговите квартални резултати в среда.

Цената на акцијата на Nvidia порасна за повеќе од 220 отсто од почетокот на годината, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција (ВИ). Сепак, деловните резултати ќе покажат дали има основа за ваков скок на цените.

Инвеститорите претпазливи

Инвеститорите се претпазливи и од натамошниот пораст на приносите на американските обврзници. Приносот на 10-годишните државни обврзници вчера достигна ново највисоко ниво од 2007 година.

Приносите растат поради шпекулациите дека американската централна банка би можела да ги зголеми каматните стапки уште еднаш до крајот на годината или да ги задржи на покачени нивоа подолго од очекуваното.

Серијата неодамнешни податоци покажуваат дека пазарот на труд во САД останува силен, што би можело да поддржи понатамошен раст на потрошувачката, а со тоа и повисока инфлација.

Затоа во фокусот на инвеститорите в петок ќе биде средбата на лидерите на најголемите централни банки во светот во американскиот град Џексон Хол. Коментарите на водечките централни банкари за состојбите во економиите и каматните стапки би можеле значително да влијаат на насоката на пазарот.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Сепак, лондонскиот FTSE индекс порасна за 0,18 отсто, на 7.270 поени, додека франкфуртски DAX зајакна за 0,66 отсто, на 15.705 поени, а париски CAC за 0,59 отсто, на 7.240 поени.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе