Пако Алкасер го официјализираше трансферот во Борусија Дортмунд

Шпанскиот напаѓач Пако Алкасер летово беше пратен на позајмица од Барселона во Борусија Дортмунд, каде требаше повторно да ја пронајде голгетерската форма. Во Германија го направи токму тоа и го импресионираше раководството на „милионерите“, па тие решија да го направат трансферот перманентен.

Од денеска, Пако Алкасер е нов играч на Борусија Дортмунд, откако германскиот клуб ја плати цената од 23 милиони евра која Барселона ја бараше за него.

Откако се мачеше да се пробие во тешкото опкружување во Барселона, Алкасер реши дека најдобриот чекор кој може да го направи за доброто на неговата кариера е да се пресели во Дортмунд, каде со тимот на Борусија ќе се обиде да стигне до титулата во Бундес лигата.

Во само осум натпревари, тој постигна 9 гола иако често влегуваше од клупата наместо да биде стартер. Неговиот просек вели дека тој постигнува гол на секои 44 минути, што е најдобриот просек од сите играчи во Европа кои одиграле повеќе од 3 натпревари.

„Денеска ја известивме Барселона дека ќе ја активираме откупната клаузула на Пако (Алкасер). Тој е посветен на нашиот клуб и брзо се интегрираше како клучен дел од составот на тимот. Се надеваме дека во наредните години ќе бидеме сведоци на уште повеќе голови и успеси со него“, изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Микаел Зорг.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе