Палмер: Неопходен е итен почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

Неопходно е итно да се одржи меѓувладината конференција за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, изјави американскиот заменик-помошникот државен секретар Метју Палмер.

– Чувствуваме момент на итност. Сметаме дека Северна Македонија и Албанија ја заслужија Меѓувладината конференција и формалното отворање на пристапните преговори. Многу сакаме да видиме тоа да биде договорено оваа година, нагласи Палмер во изјава за Гласот на Америка.

Тој истакнува дека САД сакаат „да ги видат препреките отстранети“, посочувајќи дека Северна Македонија и Албанија заршија тешка работа, ја одработија нивната домашна задача и ги направија неопходните реформи.

– Одржете ја Меѓувладината конференција и ставете го овој процес цврсто на пат, порача американскиот дипломат.

Палмер нагласи дека Вашингтон би сакал Скопје и Софија преку дијалог да ги решат прашањата во билатералните односи и да ги држат проблемите надвор од мултилатерални формати, вклучувајќи ги НАТО и ЕУ.

– Сигурно никој не сака да види еден НАТО сојузник, НАТО партнер да му се заканува на друг, рече Палмер.

Потенцирајќи дека борбата против корупцијата е една од основните вредности на членките на НАТО, Палмер нагласи дека САД очекуваат од нашата Влада да „направи подобра работа“ во борбата против корупцијата.

– Граѓаните на Северна Македонија го очекуваат тоа од нивната Влада. Колку подобро Владата се справи со корупцијата, толку повеќе овој проблем ќе го стави под контрола, и повеќе други држави, вклучувајќи и НАТО сојузниците, ќе гледаат на Северна Македонија како на место во кое ќе сакаат да инвестираат, ќе веруваат дека договорите ќе се почитуваат, каде нема да бидат подмитувани и каде ќе имаат разумен повраток од инвестицијата во средина во која има предвидливост, вкучително и во делот на судството, вели Палмер.

Тој оцени дека е важно државата да организира попис согласно стандардите на Евростат и ја повика ја опозицијата да не бојкотира и да ја извршува работата за која ја избрале граѓаните.

– Важно е опозицијата да се појави во Парламентот, да ја извршува нејзината работа, да ги претставува интересите на нејзините гласачи, луѓето кои ја избрале да ги застапува нивните интереси. Бојкоти, блокади, неизвршување на нивната работа, ништо од ова не води до прогрес, порача Палмер.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе