Фудбалерите од Серија А времето дома го минуваат со убивање на досадата на најразлични начини, а меѓу нив и нашите интернационалци.
Нов предизвик се шири преку Instagram лансиран од CHE FATICA LA VITA DA BOMBER за поддршка на италијанските болници кои мака мачат во борбата со корона вирусот.
Предизвикот прво стигна до Илија Несторовски откако тој беше предизвикан од Себастијан Де Мајо. Го прифати, а ги номинираше Горан Пандев, Алјаж Струна, Александар Трајковски и Андреа Рисполи.
Пандев го прифати предизвикот и потоа ги номинираше своите соиграчи од Џеноа Стефано Стураро, Федерико Маркети и Антонио Санабрија.
Трајковски веќе не е во Италија откако летово се пресели во Мајорка. Сепак, и тој го прифати предизвикот, а потоа ги номинираше своите поранешни соиграчи од Палермо Игор Коронаду (сега во Шаржа, ОАЕ), Мато Јајало (сега во Удинезе) и Хајтам Алесами (сега во Амјан).