Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон обезбеди мнозинство во долниот дом на парламентот според официјалните резултати кои ги објави француското Министерство за внатрешни работи.
Министерството објави податоци според кои досега дефинитивно се утврдени 513 од вкупно 577 места во Националниот парламент. Партијата на Макрон и коалиционите партнери освоиле 303 места.
На второто место се републиканците кои освоиле 124 места.