Патувањето со Orient Express е незаборавно искуство, ноќевање чини до 12.000 евра

Патувањето со познатиот воз Orient Express е едно од најгламурозните патувања што можете да ги доживеете.

Venice Simplon-Orient-Express, на многумина познат по делото „Убиство во Ориент Експрес“ од Агата Кристи, инспирираше многу уметници во текот на XX век и се здоби со култен статус.

Remote video URL

„Влезете во светот на безвременски гламур, каде што секој вагон носи ново искуство што треба да се открие. Уживајте во вино и вечерајте во прецизно обновените вагонски ресторани од 1920-тите, пред да наздравите во иконскиот бар '3674'. Помеѓу раскошните кабини и опипливата историја ве очекува неверојатно патување“, е напишано на веб-страница на овој воз.

Orient Express поминува низ Европа и дел од Азија, а најпознатата рута е од Истанбул до Париз. Декориран е со неверојатен раскош кој вклучува префинети соби, но и други простории во арт деко стил во кои ќе се чувствувате како да сте се вратиле во минатото.

Патувањето со Orient Express обединува голем тим експерти. Познати готвачи и угостители ви се на располагање во текот на вашето патување, а услугата е достапна дури и во вашите спални соби. Покрај квалитетна храна и коктели со врвен квалитет, можете да уживате и во музика во изведба на пијанист.

Цената на спалните зависи од изборот на соба што вклучува и одредени услуги. Односно за помала соба со вклучен појадок во собата треба да потрошите околу 3.700 евра по лице, а за поголема со сопствено купатило и брачен кревет треба да потрошите околу 8.400 евра по лице.

Постојат и таканаречени ексклузивни Grand Suites апартмани кои се поголеми од другите и дополнително вклучуваат 24-часовна батлер услуга, неограничен шампањ, приватни оброци и дополнителна просторија за одмор. Цената на овој апартман е околу 11.500 евра по лице. Овие апартмани беа додадени подоцна и добија имиња по Прага, Будимпешта и Виена.

Постои и можност за еднодневно патување по малку попристапни цени, каде што треба да потрошите околу 340 евра по лице, а тоа вклучува и враќање, сите оброци во возот, услугата на угостителите, кои служат чај, кафе и бисквити.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе