Пазарите се полни со млад кромид - зошто треба да го јадете зелениот дел?

Младиот кромид е богат со витамини и минерали, па штета е да не ја искористите сезоната и да не го вклучите во вашата исхрана што е можно почесто.

Познато е дека има антибактериски својства, штити од воспаленија, помага при настинки, а одличен е и за подобрување на варењето.

Имајте на ум дека зелениот дел од младиот кромид не треба да се фрла, бидејќи содржи состојки кои се одлични за нашето здравје.

Го штити срцето

Полн е со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетување предизвикано од слободните радикали. Покрај тоа, кромидот го одржува крвниот притисок во нормални граници и го намалува ризикот од згрутчување на крвта.

Добар е за видот

Заштитува од воспаленија и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеини во очите, одговорни за добар вид. Луѓето на кои им недостасува овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу 3 проценти од дневната потреба за витамин А.

Ги зајакнува коските

Витаминот Ц и К, со кои е богат кромидот, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и околу 2 отсто од витамин Ц. И двата се важни за густината и јачината на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.

Го намалува холестеролот

Освен што го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, помага и за регулирање на нивото на шеќер. Посебно зелениот дел, кој некои го фрлаат, а подобро би било да го изедат.

За поубава кожа

Му помага на телото во производството на колаген, кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на создавањето на брчки на лицето и го има во многу креми.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе