Пазарниот инспекторат го затвори ноќниот клуб од Струмица заради непочитување на прописите

Ноќниот клуб „Аватар“ од Струмица утринава е затворен од страна на Државниот пазарен инспекторат, информира за МИА директорот на Инспекторатот Стојко Пауновски.

Инспекторите во петокот навечер извршија контрола на клубот и подготвија записник, а за вчера најавија и кривична пријава до јавното обвинителство заради непочитување на здравствени прописи за време на епидемијата на COVID-19.

– Инспекторите беа таму во петокот навечер, подготвен е записник и ќе биде поднесена кривична пријава заради тоа што ниту еден ноќен клуб во моментот не смее да работи, информираше Пауновски во неделата.

Од менаџментот на „Аватар“ во неделата посочија дека работат како кафе бар и на отворено и дека се придржувале до сите протоколи и прописи.

– Сакаме да ги демантираме информациите во кои се вели дека сме ноќен клуб. Не се работи за ноќен клуб туку за кафе бар. Објектот е на отворено и работи согласно сите законски прописи. Масите се на соодветно растојание, на сите има средства за дезинфекција, вработените постојано носат заштитните маски. Ние немаме надлежност да бараме гостите да носат лична заштита, тие самите одговараат за себе. Работиме на исти начин како и сите други угостителски објекти во градот. Не сме единствените, скоро во секој втор локал во градот, кој е за неколку пати помал од нашиот, има слични забави, но за тоа никој не реагира и не споделува фотографии и видеа по социјалните мрежи. Никој не реагира ниту за мешаниците што се прават на јавните површини каде треба да биде простор за движење граѓаните има поставено маси, а потребното растојание воопшто го нема, изјавија од „Аватар“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе