Подгответе вкусни печени палачинки.
Состојки:
300 грама мелено месо
3 парчиња млад кромид
120 грама кечап
2 јајца
100 грама кашкавал
200 грама кисела павлака
10 палачинки
Мешан зачин, сол и црн пипер
Подготовка:
Палачинките подгответе ги на вообичаен начин. На загреано масло испржете го младиот кромид, додадете го меленото месо, па се заендо пржете, додадете мешан зачин и црн пипер, додадете го и кечапот, па потоа филувајте ги палачинките.
На секоја палачинка ставете им по една лажица од филот и добро распоредете. Завиткајте ја секоја палачинка и наредете ги во подмачкан плех за печење.
Јајцата изматете ги со киселата павлака, зачинете и се заедно прелијте преку палачинките. Потоа изренендајте кашкавал и печете во загреана рерна 20 минути на 220 степени.