Пекинг: Никогаш нема да ги толерираме оние сили што бараат независност на Тајван

Кина е цврсто посветена на мирно обединување со Тајван и никогаш нема да толерира негова „независност“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Џијан.

„Ние сме цврсто посветени на мирно обединување засновано врз принципот 'една земја, два система'. Ќе вложиме максимални напори за мирно повторно обединување на двете страни од Тајванското Море, никогаш нема да толерираме сепаратистички сили кои бараат независност на Тајван обидувајќи се да ја поделат татковината“, рече Ву.

Тој нагласи дека во светот постои само една Кина, дека Тајван е нејзин составен дел и дека сонародниците од двете страни на Тајванското Море имаат заедничка судбина и „по крв се браќа“.

Според него, прашањето за Тајван е исклучиво внатрешно прашање на Кина, а странското мешање е неприфатливо.

„Колку повеќе САД и Јапонија креват врева за проблемот со Тајван, толку посилно ќе дејствуваме за да го заштитиме националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, заклучи Ву.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе