1.МФЛ 2020/21

Пелистер продолжува да гази, Работнички ја сопре Шкендија

Филип Здравески
/ 03.03.2021 / 16:07

Вонредно коло се одигра попладнево во најдобрата македонска фудбалска лига кое не донесе драстични промени во табелата, освен скокот на Пелистер.

Кристијан Стојкоски се пробива помеѓу тетовските фудбалери; Фото: ФК Работнички Скопје

Дербито на денот беше во Дебар Маало каде Работнички го пречека лидерот Шкендија. „Романтичарите“ беа подобар противник, но не успеаја со гол да ја крунисаат добрата игра и да дојдат до победа против најсериозниот претендент за титулата. Шкендија останува со само еден пораз сезонава.

Најголемото изненадување го приреди Пелистер кој продолжува да собира бодови и да се искачува на табелата. Денеска со голот на Црногорецот Иван Пејаковиќ во судиското надополнување битолчани ги освоија трите бода на тешкото гостување кај Струга. Со оваа победа сега се и надвор од зоната на бараж, а Пелистер е во серија од 5 натпревари без пораз од кои три се од пролетниов дел (2 победи и реми).

На второпласираниот Шкупи му беше потребен удар од белата точка за Костариканецот Алварес да донесе победа на гостувањето во Кратово. Гол на четири минути до крајот ѝ донесе прва пролетна победа на Академија Пандев, а важни три бода прокнижи и Борец над Беласица која коло по коло сѐ поблиску е до Втората лига.

Ренова конечно победи пролетва и тоа со високи 3:0 над Вардар чија игра беше пореметена поради црвениот картон добиен во 26-тата минута.

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Работнички - Шкендија 0:0
Судија: Александар Ставрев (Скопје)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Шкупи 0:1 (0:0)
Стрелци: 78' (п) Фреди Алварес
Црвен картон: 77' Дејан Благојевиќ, 90'+1 Јордан Серафимовски (С)
Судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)

Стадион „Пандев“ во Струмица
Академија Пандев - Македонија ЃП 2:1 (1:0)
Стрелци: 11' Марјан Радески, 86' Марио Крстовски - 56' Боби Божиновски
Судија: Јован Качевски (Струга)

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец - Беласица 2:1 (2:1)
Стрелци: 4' Еди Баша, 45' Мурат Адили - 17' Зоран Митевски
Судија: Константин Влахо (Скопје)

Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Струга - Пелистер 0:1 (0:0)
Стрелци: 90'+2 Иван Пејаковиќ
Судија: Игор Иванов (Велес)

Стадиом „Градски“ во Тетово
Ренова - Вардар 3:0 (2:0)
Стрелци: 21' Шефит Шефити, 27' (п), 55' Ремзифаик Селмани
Црвен картон: 26' Мартин Радуловиќ-Величковиќ (В)
Судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Табела:

  1. Шкендија 46
  2. Шкупи 40
  3. Македонија ЃП 35
  4. Струга 32
  5. Работнички 29
  6. Борец 29
  7. Вардар 26
  8. Пелистер 25
  9. Силекс 23
  10. Ренова 22
  11. Академија Пандев 21
  12. Беласица 12
Тагови
реклама

Ѕирнете во луксузната вила на Новак Ѓоковиќ во Шпанија

Read more

Пентагон: Снимките на НЛО од 2019 година се автентични

Read more

ЕМА истражува нова нуспојава од вакцината на AstraZeneca

Read more

Убавица на денот: Луција Јаворчекова

Read more

Фудбал

Гоце Седлоски нов тренер на Шкупи

Read more

Пике и Фати во составот на Барселона за финалето на шпанскиот куп

Read more

Солскјер со нетрпение ги очекува натпреварите со Рома

Read more

Како би изгледал трејлер за Македонија на ЕУРО

Read more
 

Спорт

Гоце Седлоски нов тренер на Шкупи

Читај повеќе

Пике и Фати во составот на Барселона за финалето на шпанскиот куп

Читај повеќе
  • play_arrow

Солскјер со нетрпение ги очекува натпреварите со Рома

Читај повеќе

Еванс: Еден ден ќе им раскажувам на моите внуци за победата над Ѓоковиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Како би изгледал трејлер за Македонија на ЕУРО

Читај повеќе

Ибра се соочува со тригодишна забрана за играње фудбал

Читај повеќе

Пелистер го „украде“ голманот Кизиќ од Вардар

Читај повеќе

Британецот Еванс го елиминираше Ѓоковиќ во Монте Карло

Читај повеќе

Клоп: Лошиот напад е наш заштитен знак сезонава

Читај повеќе