Пендаровски: Очекувам Република Турција да ја потврди ратификација на Протоколот за членство во НАТО

Скопје, 26 мај 2019 (МИА) – Очекувам Република Турција да ја потврди поддршката за Република Северна Македонија на нејзиниот евроатлантски пат преку ратификација на Протоколот за членство во НАТО, порача шефот на државата Стево Пендаровски, во обраќањето на ифтарската вечер на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, организирана од Амбасадата на Република Турција.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, во присуство на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, Пендаровски истакна дека од почетокот на нашата независност, Република Турција ја поддржува Република Северна Македонија на нејзиниот европски и евроатлантски пат.

– Понекогаш можеби имавме и различни видувања за некои прашања, но секогаш сме успевале да најдеме решенија прифатливи за двете страни. Затоа, како претседател очекувам нашите турски пријатели да ја потврдат таа поддршка со тоа што ќе го ратификуваат протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Бидејќи со нашето членство во Алијансата ние не ги внесуваме само нашите воени потенцијали, туку и нашите вредности на соживот и почит кон различноста, рече претседателот Пендаровски.

Негов приоритет, како што се наведува во соопштението, е да придонесе за граѓанско помирување.

– Моја цел е во нашата европска држава да промовирам вредности што зближуваат, а не што разделуваат, рече Пендаровски.

Претседателот Пендаровски пред присутните упати честитки по повод светиот месец Рамазан и посака лесен пост, исполнет со радост и со бериќет.

– Иако го прославуваат само муслиманите, светиот месец Рамазан симболизира многу општочовечки вредности. Преку солидарноста кон посиромашните, Рамазан е симболичен коректив на социјалната нееднаквост во општеството. Преку заедничката трпеза, Рамазан нè потсетува на важноста на семејството и заедницата како основи на секое општество, рече претседателот Пендаровски на ифтарската вечер во Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Македонија

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more
 

Вести

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе