Пензионер од Италија треба да плати голема казна oти закрпил дупка на патот

Макфакс
/ 15.05.2023 / 20:20

Италијанскиот пензионер Клаудио Трента (72) вети дека ќе се бори против казната од речиси 900 евра за санирање на дупка на патот.

Трента бил толку фрустриран од неуспехот на локалните власти да ја поправат дупката од 30 сантиметри на пешачки премин во Барласина, мало гратче во Ломбардија, што решил сам да ја асфалтира.

Поради ова тој доби казна од 882 евра со што се отвори голема дебата меѓу италијанската јавност. Во објава на Facebook, Трента сподели фотографија од писмото што го добил од полицијата во кое го обвинуваат дека ги прекршил правилата. Тој е казнет за вршење на потенцијално опасна работа на јавен простор без дозвола или овластување за тоа.

На мажот му било наредено да ја врати дупката во првобитната состојба.

„Ако мислат дека сум идиот, грешат. Ме испровоцираа, па сега поднесувам тужба против Советот поради негрижа“, изјави тој за Corriere della Sera.

Тврди дека дупката ја пријавил кај локалните власти неколку пати во текот на три месеци.

Трента ја доби поддршката од јавноста од цела Италија.

„Денеска испратив протестна електронска пошта до Градското собрание на Барласина. Свесен сум за реалноста во Калабрија и Сицилија, каде улиците се претворени во дупки и ако луѓето не направат нешто сами, сѐ ќе пропадне“, напиша еден граѓанин на Facebook.

„Советот треба да ви ги врати парите потрошени за асфалтот“, додаде друг.

Во дискусијата се вклучи Виторио Згарби, потсекретар во Министерството за култура.

„Покрај законот за патишта, постои и здрав разум. Здравиот разум требаше да ја наведе локалната полиција да му се заблагодари на овој господин“, нагласи тој.

Дебаклот од дупките привлече значителен медиумски интерес, а Трента е поканет да се појави во шоуто Le Iene утре вечер за да даде повеќе детали за случајот.

„Не сум навикнат на целиот овој публицитет. Ќе се борам до крај оваа казна да биде укината затоа што според мене е неправедна. Зошто да ме казните мене наместо оние кои знаеле за проблемот и не интервенирале?“, праша тој.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе