Перу стана земја со најголема смртност од коронавирус во светот

Б.С.Б.
/ 01.06.2021 / 08:40

Во Перу бројот на починати од последици на коронавирус се зголеми двојно по ревизија на податоците. Со тоа оваа земја има најголема смртност од COVID-19 во светот, по однос на вкупниот број на популацијата.

Официјалниот број на починати од последици од коронавирусот во Перу сега изнесува 180.764, што е огромен пораст во однос на претходниот официјален број од 69.342.

Премиерката Виолета Бермудес пред новинарите изјави дека оваа бројка е собрана според препораките на перуанските и меѓународните експерти.

„Сметаме дека е наша должност да ги објавиме овие ажурирани податоци“, наведе Бермудес.

Перу е една од најтешко погодените земји во Латинска Америка, што резултираше со преоптоварување на здравствениот систем и недостаток на резервоари за кислород.

Пред Перу, Унгарија имаше најголем број смртни случаи по број на жители, околу 300 на 100.000 луѓе. Перу сега има повеќе од 500 починати на 100.000 жители.

Луѓето во Перу веќе подолго време имаа сомнежи во извештаите на Владата и процените за тешката ситуација во земјата поради коронавирусот.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе