Песков призна: Направени се „грешки“ при мобилизацијата

Кајгана / МИА
/ 26.09.2022 / 14:19

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес призна дека биле направени „грешки“ при мобилизацијата на стотици илјади резервисти за борба во Украина.

„Има случаи кога е прекршен декретот“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во врска со декретот за делумна мобилизација што го објави рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември, за зголемување на бројот на војници во војната во Украина.

Тој изрази надеж дека „грешките ќе бидат поправени“.

Властите соопштија дека мобилизацијата на 300.000 резервисти се однесува само на лица кои имаат воено искуство или потребни вештини, но евидентирани се и бројни случаи на мобилизација на стари, болни или неискусни лица, како и студенти.

Откако минатата недела беше најавена мобилизацијата, беа организирани демонстрации на кои беа уапсени неколку илјади луѓе.

Голем број Руси решија да ја напуштат земјата, со оглед на зголемениот прилив на границите со Грузија, Казахстан, Финска и Монголија.

Големиот прилив предизвика стравувања дека Русија ќе им забрани на мажите во борбена возраст да ја напуштат земјата.

Песков рече дека властите „не донеле одлука“ во оваа фаза да ги затворат границите за таа категорија граѓани.

Русија се подготвува да припои четири украински региони каде утре завршуваат референдумите за припојување кон Москва. Референдумите ги осудија Украина и Западот и најавија дека нема да ги признаат нивните резултати. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе