„Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова избран за „Роман на годината“ за 2019 година

Романот „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова, со тајно гласање и со мнозинство гласови, е избран за „Роман на годината“ за 2019 година.

Николова е прва од досегашните лауреати која оваа награда ја добива втор пат. Прв пат „Роман на годината“ и е доделена за „Куклите на Росица“, објавен во 2004 година.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Кинотека, 38 романи пристигнале на конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2019 година, кој во организација на Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“ беше распишан лани на 15 декември и траеше заклучно со 15 јануари 2020. Во пристигнатите дела биле забележливи различни поетичко-стилски тенденции и струи.

-Некои од романите ја рефлектираат целокупната општествено-политичка клима во земјава, други пак, гравитираат околу некои од најсуштинските интимни и егзистенцијални прашања, преиспитувајќи и книжевно обмислувајќи го односот со другоста, идентитетот, историјата (личната и колективната),…, истакна Ѕвездан Георгиевски, извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

За наградата одлучуваше жири-комисија составена од: Николина Андова Шопова (претседателка и минатогодишна лауреатка), писателот Милован Стефановски, универзитетската професорка Весна Мојсова–Чепишевска, писателот Славе Ѓорѓо Димовски и претставничката на Фондацијата „Славко Јаневски“ Катерина Богоева. Комисијата направи повеќе селекции, при што на првиот состанок беше направена селекција од дваесет романи, на вториот состанок беа селектирани десет романи, а на третиот беа одбрани петте финалисти: „Молчи со отворена уста“ – Снежана Младенова-Анѓелков (Или–Или), „Пагански времиња“ – Драги Михајловски (Просветно дело), „Песот со тажен поглед“ – Оливера Николова (Матица Македонска), „Последните денови на Ханс“ – Михајло Свидерски (Или-Или) и „Приказни за госпоѓица Сит“ – Билјана С. Црвенковска (Чудна шума).

„Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова е роман кој својата приказна ја темели на историски податоци, а фикцијата деликатно се испреплетува со фактите. Директното, експлицитно посочување на изворникот (мемоаристичката книга „Мојот балкански дневник“ на Џ. Џонстон Абрахам, еден од докторите кои престојувале во Скопје за време на Првата светска војна) чиешто „ехо“ е романот, воопшто не ѝ пречи на приказната, туку напротив, овозможува увид во слоевитоста и комплексноста на наративните постапки. Писмото на Николова е моќно, автентично и рафинирано. Таа и во овој роман го покажува истенченото чувство за детали, кои го збогатуваат наративниот мозаик, и кои суптилно исткајуваат мрежа од симболи. Смелата авторска идеја е успешно реализирана во творечки резултат со високи естетски вредности. Авторката умешно ја води приказната до самиот крај, одржувајќи ја компактноста на структурата, уверливоста на изградените ликови и книжевни ситуации, како и стилско-јазичната префинетост.

Оливера Николова (1936, Скопје) е писателка за деца и возрасни. Попознати дела за деца, од дваесетина издадени, и се: „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“, „Пријателите Бон и Бона“, „Девојките на Марко“ и други. Нејзини дела за возрасни се книгите раскази „Ден за летување“ и „Лева комора“, комедијата „Сребреното јаболко“, а некои од нејзините најпознати романи се: „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“, „Белиот чад“, „Пешаци по црни полиња“ и други. Николова е добитничка на повеќе домашни и меѓународни признанија.

реклама

Кој е полицаецот кој со три потези спречи трагедија во Капитол хил?

Read more

Нов скандал го тресе Холивуд: Актерот Арми Хамер обвинет дека е канибал и садист

Read more

Беровец лажел дека е киднапиран и изнудил 10.000 евра од татко му

Read more

Трите најверни хороскопски знаци

Read more

Култура

„Направи Selfie со твојата омилена книга“ – кампања на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола

Read more

Кого и што се слави на Божик?

Read more

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик

Read more

Вевчанскиот карневал ќе се одржи со дел од обичаите и почитување на протоколите

Read more
 

Вести

Нови 361 заразени, починати 14, оздравени 2.116 лица

Читај повеќе

Кој е Армин Лашет, човекот кој би можел да ја наследи Ангела Меркел?

Читај повеќе

Беровец лажел дека е киднапиран и изнудил 10.000 евра од татко му

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриени гости и странски државјанки во угостителски објект со забрана за работа во Охрид

Читај повеќе

Приведени три лица од гостиварско поради трговија со кокаин

Читај повеќе

Пристигнаа милион кинески вакцини во Србија, новинарите со приоритет во вакцинацијата

Читај повеќе

Дутерте: Претседателската работа не е за жени

Читај повеќе

Во Скопје санкционирани 219 возачи, 18 за возење без возачка дозвола

Читај повеќе

Почна најмасовната вакцинација против COVID-19 во светот

Читај повеќе