Пет компании кои Доналд Трамп ги презира

Вашингтон, 9 април 2018 (МИА) - Откако почна да управува со најголемата економија на светот, американскиот претседател Доналд Трамп почна да повлекува потези кои многумина ги шокираа позитивно ли негативно.

Законот за даночни мерки и вработување, кој во декември минатата година го потпиша Трамп, донесе постојани даночни олеснувања за американските фирми. Меѓутоа, постојат неколку исклучоци од „пријателскиот однос на претседателот кон американските претпријатија“.

Ова се топ пет корпорации кои се „лоши“ со Трамп:

„Амазон“ - Американскиот претседател повеќе пати „удрил“ на овој гигант за електронска трговија поради „уништување на традиционалните малопродажни трговци“, поради избегнување плаќање данок и слично. Трамп побара од Владата да воведе интернет данок на онлајн. Тој, исто така, го обвинува директорот на „Амазон“ Џеф Безос за ширење лажни вести.

„Боинг“ - Трамп повеќе пати пред да стапи на претседателската позиција го критикуваше „Боинг“ поради договорот од четири милијарди долари за новата флота на „Ер Форс“. Тој смета дека таквиот договор претставува загуба за даночните обврзници и побара поништување на документот. Компанијата, исто така, се наоѓа во незгодна позиција поради тензиите меѓу САД и Кина, бидејќи ќе биде колатерална штета кога Пекинг ќе воведе контрамерки. Кина е огромен пазар, каде на авионите на „Боинг“ ќе им биде тешко да се натпреваруваат со ривалот „Ербас“.

„Локид Мартин“ - Критиките на Трамп за таа компанија се однесуваа на цената на борбениот авион Ф-35. Се проценува дека проектот вреди 406,5 милијарди долари и се смета за еден од најоспоруваните програми во историјата на Пентагон. Претседателот на САД истакна дека проектот е „надвор од котрола“.

„Велс Фарго“ - Трамп ја обвини една од најстарите банки на светот дека ја злоупотребила довербата на своите клиенти, што доведе до казни од неколку милиони долари. Тој вети дека ќе го следи кредиторот и ќе биде тешко за него.

„Мерк“ - Една од најголемите фармацевтски компании на светот е критикувана од страна на американскиот претседател поради високата цена на лековите на позитивна листа. Освен тоа, генералниот директор на „Мерк“, Кенет Фразиер поднесе оставка бидејќи Трамп не го осудил веднаш протестот на белите расисти.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе