Фит

Пет причини зошто треба да правите вежби за сила

6. декември 2017 - 15:50 | А.С.

Заборавете на митот дека за да слабеете треба да правите само кардио вежби. Фитнес инструкторите потсетуваат колку е важно да правите и вежби за сила, односно вежби со тегови.

Зајакнувањето на вашите мускули е важно за одржување на здравјето, но и цврстината на вашето тело, особено ако поминувате низ трансформативен период на слабеење или зголемување на килограмите.

Не се грижете што покажува бројката на вагата, најважно е да се чувствувате и да изгледате здраво.

Вметнете ги овие вежби во вашиот тренинг и за кратко време ќе ја забележите разликата.

Ова се пет причини зошто треба да правите вежби за сила:

1. Со овие вежби ефикасно се губат килограми бидејќи трошат многу калории

2. Ако тоа ви е целта, со кревање тегови може да ја зголемите телесната маса, секако ако внесувате доволно протеини во исхраната, како и други хранливи материи.

3. Со овие вежби вашето тело ќе биде во општа подобра состојба, односно ќе бидете поиздржливи и ќе забележите подобрување на целокупниот изглед, што ќе ви го крене расположението.

4. Со вежбите за сила ќе ги зацврснете мускулите, но и кожата, а исто така се ефикасни за намалување на целулитот.

5. Со овие вежби за кратко време ќе имате подобра кондиција и ќе ја подобрите работата на срцето.

Коментирај