Пет работи што не треба да им ги правите на забите за да ги одржите силни и здрави

Оралната хигиена не подразбира само редовно четкање на забите и повремени посети на стоматолог. Имено, постојат низа правила кои треба да ги следите за да го зачувате здравјето на забите.

Така, стоматологот Шерон Хуанг советува што никогаш не треба да им правите на забите за да ги одржите силни и здрави. Таа наведува дека здравјето на забите не може да се мери со нивната белина и дека мора повеќе да внимаваме на оралната хигиена.

Никогаш не прескокнувајте чистење со конец

Стоматологот Хуанг наведува дека некористењето забен конец е како туширање без сапун. Невозможно е да се чуваат бактериите подалеку без конец бидејќи со текот на времето оваа бактерија се развива во воспаление што дава лош здив, но може да ги нападне и другите органи во телото.

Никогаш не пијте газирани сокови без сламка

Газираните пијалаци се многу корозивни за нашите заби и ја оштетуваат забната глеѓ. Хуанг наведува дека газираните пијалаци секогаш треба да ги пиеме преку сламка и веднаш потоа да ги исплакнеме со вода за да ја неутрализираме pH вредноста.

Никогаш не користете трикови за избелување

Многу луѓе мислат дека им требаат скапи комплети за белење на заби и отстранување дамки, но овие производи можеби нема да работат толку добро како што луѓето се надеваат, па дури и може да предизвикаат штета. Исто така, многу пасти за избелување имаат абразивни состојки кои ги чистат дамките, но ја отстрануваат и глеѓта.

Не користете апарати кои не се препорачани од стоматолог

Никогаш не треба да користите исправувачи за заби без претходно да се консултирате и прегледате кај стоматолог. Во некои случаи, пациентите кои користат порамнувачи дома може да изгубат коска или да треба да им се извади заб.

Никогаш не мијте ги забите веднаш по јадење

Изненадувачки, забите се меки и четкањето веднаш по јадење може да ја уништи глеѓта. Откако ќе јадете, рН вредноста во устата опаѓа бидејќи ензимите го започнале процесот на варење. Овој процес трае околу 30 минути, по што можете да ги измиете забите.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе